ПРВ.мк
Свет

Застрашувачки бројки за загубите во војната меѓу Русија и Украина

Застрашувачки бројки за загубите во војната меѓу Русија и Украина

Последните информации за вистинските загуби во конфликтот меѓу Русија и Украина откриваат тешки и вознемирувачки податоци. Руски хакери тврдат дека украинската армија изгубила 1,7 милиони војници, но оваа бројка е предмет на сомнежи кај многу аналитичари.

Според посериозни проценки, бројот на убиени украински војници се движи меѓу 160.000 и 200.000, со вкупни загуби (вклучувајќи ранети и заробени) до еден милион луѓе. За руските сили, проценките на загубите се околу 170.000 мртви, а вкупните загуби се проценуваат на околу 800.000 до 900.000 луѓе.

Мобилизацијата и на двете страни е висока, со регрутирање од по 30.000 до 60.000 луѓе месечно. Тешко е да се добие точна бројка на загубите, бидејќи податоците се често ограничени и неточни, а двете страни имаат мотиви да ги минимизираат своите жртви.

Војната остави длабоки траги, а вистинската цена на конфликтот ќе биде позната дури по неговото завршување.

Escape