ПРВ.мк
Свет

Турски министер казнет поради возење со 224 км/ч – „Несвесно ја пречекорив брзината“

Турски министер казнет поради возење со 224 км/ч – „Несвесно ја пречекорив брзината“

Турскиот министер за транспорт, Абдулкадир Уралоглу, сам се разоткри поради возење со екстремна брзина на автопат. Во објава на социјалните мрежи, министерот постави видео за да ја промовира новата делница Анкара-Нигде, но снимката откри дека возел 224 км/ч, многу над дозволените 140 км/ч.

Видеото веднаш предизвика лавина критики од граѓаните, кои го обвинија за непочитување на законот. „Зошто не ги почитувате ограничувањата на брзината, господине министер?“, праша еден корисник на социјалните мрежи. Друг додаде дека ова е земја каде „министерот не ги почитува ограничувањата, а граѓаните се казнуваат без проблем“.

По силните реакции, Уралоглу призна дека бил регистриран од радар и дека добил казна. Во својата објава министерот напиша: „Седнав зад воланот за да го проверам автопатот Анкара-Нигде и за кратко, несвесно, ја пречекорив брзината. Почитувањето на ограничувањата е обврска за сите“.

Овој инцидент предизвика дебата во Турција за тоа дали високите функционери треба да се однесуваат според истите правила како и граѓаните, особено кога се работи за безбедност на патиштата.

Escape