ПРВ.мк
Свет

Хаос во Русија: 116 телевизиски канали емитуваа видео што Путин сакаше да го сокрие

Хаос во Русија: 116 телевизиски канали емитуваа видео што Путин сакаше да го сокрие

На Денот на независноста на Украина, на 116 руски телевизиски канали истовремено се појави видео што прикажуваше сериозни проблеми во Русија – криза со гориво, недостиг на вода во окупираните делови од Донецката област, украински напади врз нафтени рафинерии и воени загуби на руската армија.

Во видеото, кое траеше повеќе од три часа, се истакнуваше: „Поминаа три и пол години војна, а рускиот претседател Владимир Путин не успеа целосно да освои ниту една украинска област. Украина останува независна.“

Според Kyiv Independent, локални „сајбер партизани“ го блокирале пристапот на администраторите на руските провајдери, со што било отежнато прекинување на емитувањето. Минимум 50.000 гледачи во Москва и други региони ја следеле снимката, која се појавила и преку апликации на Apple Store, Google Play, паметни телевизори и кабелски мрежи.

Овој инцидент е дел од низата кибер-напади што Украина ги изведува врз руските медиумски и технолошки платформи од почетокот на инвазијата во 2022 година. Во јули, украински експерти за кибер-безбедност од военото разузнавање (ГУР) изведоа голем напад врз инфраструктурата на рускиот енергетски гигант Гаспром, предизвикувајќи значителни нарушувања во работењето.

Настанот покажува како кибер-операциите стануваат моќна алатка во информациската војна, со цел да се поткопа руската пропаганда и да се дестабилизира внатрешната слика во Русија за текот на војната.

ВИДЕО

Escape