Во интервју за Радио Спутник, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, остро го критикуваше односот на Европската Унија кон мировните иницијативи, тврдејќи дека европските претставници „ги стегаат вилиците“ кога се споменуваат преговори.
Таа се потсети на настаните од 2014 година, кога тогашниот украински претседател Виктор Јанукович побарал време за да размисли за ориентацијата на земјата кон ЕУ. Според Захарова, Западот го искористил тоа за да ја собори владата во Украина.
„Тој не побара да биде ослободен од претходно склучен договор, туку само време да подготви план кој би бил најдобар за неговата земја. Дури и оваа суверена одлука го вклучи копчето на далечинскиот управувач со ознака ‘шум’. Следеше хаос и мешање во внатрешните работи. Започна уште еден Мајдан со цел не само да ја собори владата, туку и да изврши неуставен државен удар“, рече Захарова.
Таа коментираше и изјави на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за правото на Украина да го одреди својот развоен пат, нарекувајќи ги западните лидери апсолутно неморални.
„Не станува збор само за двојни стандарди. На Европејците денес не им е гајле што зборуваат – нивната единствена цел е да го пополнат информативниот простор. Штом ќе ги чујат зборовите ‘мировен план’, ‘преговори’, ‘контакти’, им се стегаат вилиците. Како да ги попрскувате со света вода – опседнати се“, заклучи Захарова.
















