Wikipedia го менува својот модел – наместо само да се потпира на донации од поединци, најголемата онлајн енциклопедија сега воспоставува начин за монетаризација преку Wikimedia Enterprise. Microsoft, Meta и Amazon се првите кои потпишаа договори за директен, брз и структурирани пристап до податоците, што им овозможува на нивните сервиси и вештачката интелигенција да користат најточни и свежи информации.
Содржината за обичните корисници останува бесплатна. Средствата од договорите ќе се инвестираат во техничка поддршка на волонтерите, заштита на слободата на говорот и проширување на пристапот до знаење. Wikimedia вети дека комерцијалната испорака на податоците нема да влијае врз уредувачката политика или независноста на енциклопедијата.
Со овој чекор, Wikipedia обезбедува одржлив модел за иднината и истовремено ги задоволува потребите на големите технолошки компании.

















