ПРВ.мк
Свет

ВИДЕО: Тревога во Киев, Зеленски го предупреди светот за она што се подготвува: „Имаме разузнавачки информации...“

ВИДЕО: Тревога во Киев, Зеленски го предупреди светот за она што се подготвува: „Имаме разузнавачки информации...“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски упати сериозно предупредување до меѓународната заедница, тврдејќи дека Русија подготвува нов масовен напад врз Украина, насочен првенствено кон енергетската и логистичката инфраструктура.

Според Зеленски, украинските разузнавачки служби располагаат со информации за можните руски планови, а Москва наводно смета дека вниманието на светската јавност ќе биде насочено кон меѓуизборите во Соединетите Американски Држави.

„Имаме разузнавачки информации дека Русија подготвува нов масовен напад врз нашата земја, првенствено насочен кон енергетиката и логистиката“, порача Зеленски.

Сирени за воздушна опасност во Киев

Украинскиот претседател соопшти дека во Киев се огласуваат сирените за воздушна опасност поради можност од нов ракетен напад.

Тој предупреди и на проблемите со кои се соочува украинската противвоздушна одбрана, особено во однос на расположливите ракети за системите „Патриот“.

Зеленски објави и видео од последиците на неодамнешни руски напади, во кои, според неговите наводи, загинале 34 лица, додека дел од жртвите сè уште се под урнатините.

Зеленски бара посилен притисок врз Русија

Украинскиот претседател ги повика САД и останатите меѓународни партнери да го зголемат економскиот притисок врз Москва, особено преку ограничување на приходите од продажбата на нафта и гас.

„Мораме да извршиме притисок врз Русија на таков начин што нема да има друг избор освен да ја прекине војната. Америка може да го направи тоа“, изјави Зеленски.

Обвинувања за злоупотреба на примирјето

Предупредувањето доаѓа по завршувањето на привременото примирје во Олешки и околината, кое овозможило евакуација на речиси 800 луѓе.

Иако Меланија Трамп го оцени примирјето како успешно, украинските власти тврдат дека руските сили го искористиле периодот за зајакнување на воените позиции и дополнително распоредување опрема и муниција.

Во меѓувреме, трилатералните мировни преговори меѓу САД, Украина и Русија се најавени за крајот на ноември во Абу Даби.


Видео: