ПРВ.мк
Свет

ВИДЕО | Трамп најави жестоки казни за Русија по најголемиот воздушен напад врз Украина

ВИДЕО | Трамп најави жестоки казни за Русија по најголемиот воздушен напад врз Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп денес во Белата куќа потврди дека е подготвен за „втората фаза“ од санкционирањето на Русија поради војната во Украина. Тој изрази растечко незадоволство од Москва во последните недели, особено по средбата со Владимир Путин минатиот месец, но досега се воздржуваше од построги мерки.

Американскиот министер за финансии Скот Бесент истакна дека САД се подготвени да го зголемат притисокот врз Русија и додаде дека се надеваат европските партнери да го следат примерот. „Трката е колку долго може да издржи украинската војска и колку долго може да издржи руската економија“, рече Бесент.

Според него, ако САД и Европската Унија воведат дополнителни санкции, вклучително и секундарни тарифи за земјите што купуваат руска нафта, руската економија целосно ќе се сруши, што би го принудило претседателот Путин да седне на преговарачката маса.

Минатиот месец, администрацијата на Трамп воведе 50% тарифи за Индија за купување руска нафта, едни од највисоките што некогаш биле воведени кон една земја.

Нападот што го предизвика ова засилување на санкциите беше најголемиот воздушен напад на Русија врз Киев од почетокот на војната. Русија испука околу 800 беспилотни летала и ракети, при што за прв пат беше оштетена зградата на украинската влада. Во нападите загинаа најмалку тројца цивили, вклучувајќи и двомесечно бебе, а повеќе од 40 лица беа повредени.

Видео:

Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape