Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека во наредните денови ќе се сретне со неколку европски лидери во САД за разговори за можен прекин на војната меѓу Русија и Украина. Тој, исто така, потврди дека наскоро ќе има нов разговор со рускиот претседател Владимир Путин.
По враќањето од финалето на Отвореното првенство на САД во тенис, Трамп изјави дека некои европски лидери ќе пристигнат во понеделник или вторник, но не откри кои се во прашање. Белата куќа засега не дава дополнителни детали.
Трамп изрази незадоволство од актуелната ситуација во Украина, особено по најновиот масовен руски воздушен напад кој предизвика пожар во главната владина зграда во Киев. Сепак, тој изрази увереност дека војната наскоро ќе заврши со договор. „Ние наскоро ќе ја решиме руско-украинската ситуација“, нагласи Трамп.