ПРВ.мк
Култура

(ФОТО) Љутков заедно со Владата ја врати вистината во Археолошкиот музеј – музејската поставка повторно во автентичен облик

(ФОТО) Љутков заедно со Владата ја врати вистината во Археолошкиот музеј – музејската поставка повторно во автентичен облик

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, и директорката на Археолошкиот музеј, Магдалена Манаскова, денес ја отворија обновената музејска поставка, враќајќи ја вистината во витрините по речиси седум години молк и замаглување.

На површина од 6.000 м², со 107 витрини и над 6.000 археолошки предмети, изложбата ги прикажува богатството на македонската историја – од праисторијата до поновата епоха – и сведочи за културниот идентитет и достоинството на државата.

Министерот нагласи дека ова не е само културна победа, туку и триумф на меморијата, вистината и самопочитта. „На овој 8 Септември, нека ни биде јасно – независноста е жива кога вистината е жива. А музеите се најтивките, но најупорните бранители на таа вистина“, истакна Љутков.

Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape