Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Украина на крајот ќе биде поделена меѓу Русија и Западот како последица на тековниот конфликт. Тој додаде дека е можно поделба на земјата на руска, западна и демилитаризирана зона.
Орбан нагласи дека е потребен безбедносен договор меѓу Европската Унија и Русија, нагласувајќи дека распадот на Украина не е во интерес ниту на Унгарија ниту на ЕУ, но членството на Украина во Унијата не е решение за наталожените проблеми. Според него, доволно би било воспоставување стратешко партнерство меѓу ЕУ и Украина.
Во говорот, унгарскиот премиер повика на реорганизација на Европската Унија за да се спречи нејзин колапс, посочувајќи дека меѓу 2008 и 2025 година обединета Европа изгубила седум проценти од својот удел на светскиот пазар, додека САД добиле четири проценти.
Орбан додаде дека не се смета за антиукраински политичар и дека неговата цел е иднината на Украина, затоа што колапсот на соседна држава не е во интерес на Унгарија. Тој оцени дека продолжувањето на војната е „губитничка стратегија“.
Според Орбан, Русија сака да го сопре ширењето на Западот, Украина настојува да ја задржи финансиската помош и да избегне економски колапс, ЕУ преку поддршка на војната се обидува да ја зацврсти својата позиција како голема сила, додека САД настојуваат да постигнат договори и економски да ја потчинат ЕУ.
Тој заклучи дека ЕУ се однесува како „куца патка“ (lame duck) и треба да преговара за безбедносни мерки со Русија, а не со САД.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев ги исполнува сите препораки на ЕУ и дека е подготвен за дијалог и средба со Орбан за разгледување на сите отворени прашања.