Легендарниот моден дизајнер Џорџо Армани, кој почина на 4 септември на 91 година, продолжува да предизвикува силни емоции по својот замин. Неговиот погреб се одржа во неговото родно село Ривалта ди Гацола, каде што беше погребан како скромен граѓанин, далеку од светлината на јавноста и медиумите.
Погребната церемонија, според неофицијални извори, беше организирана во најголема тајност, без медиуми, помпа или присуство на јавни личности. Само најблиското семејство и неколку пријатели – вкупно околу 20 лица – присуствуваа на настанот. Цело село беше затворено за посетители, а жителите излегоа на улиците за да му оддадат почит.
Церемонијата траеше цели четири часа, а медиумите немаа пристап. Продавниците на брендот Армани ширум светот беа затворени со спуштени ролетни како знак на жалост. Во градовите Пјаќенца и Милано беше прогласен ден на жалост.
Телото на Џорџо Армани беше пренесено во семејната гробница на неговиот приватен имот, каде што најверојатно ќе почива во мир и приватност.