ПРВ.мк
Свет

ВИДЕО што ја крена мрежата: Жена тврди дека снимила вонземјанин на верандата – камерата забележала чудна фигура!

ВИДЕО што ја крена мрежата: Жена тврди дека снимила вонземјанин на верандата – камерата забележала чудна фигура!
Escape

Една жена од Калифорнија тврди дека била сведок на нешто што го смета за контакт со вонземски облик на живот – и го има снимено тоа! Иако видеото не е доказ за постоење на вонземјани, сепак, предизвика огромен интерес и дебата меѓу љубителите на паранормални теми.

Џесика Ортиз од градот Комптон поставила камера за надзор на својата куќа, и една вечер, таа снимила нешто што, според неа, не може да се објасни на „нормален“ начин. На снимката се гледа мала, необична фигура, со голема, заоблена глава која потсетува на класичниот изглед на т.н. „Сиви“ – вид вонземјани што често се опишуваат во уфологија и поп-култура уште од 60-тите години.

Она што е уште поинтригантно е дека камерите со сензори за движење не биле активирани, што Ортиз го смета за чудно. Но тоа не е сè.

Нејзината тетка, која живее веднаш до неа, слушнала нешто уште пошокантно. Според изјавата на Ортиз дадена за YouTube каналот Hidden Underbelly – специјализиран за паранормални појави – тетката околу 00:45 по полноќ слушнала три силни тресоци на кровот од куќата. Ноќта потоа продолжила со звуци на гребење, што ја исплашило до таа мера што втрчала во собата и започнала да се моли.

Ова видео и сведоштво на Џесика Ортиз предизвикаа лавина од коментари, од скептици кои веруваат дека станува збор за човек во костим или дрон, до ентузијасти кои сметаат дека ова е потенцијален доказ за вонземско присуство.

ВИДЕО

Mia Home Mavrovo