Жена од Кочани тешко повредена во сообраќајна несреќа, удрена додека пешачела
На 11 јули 2025 година, во 15:07 часот, на улицата „Кеј на Револуција“ во Кочани, патничко возило „тојота“ со кочански регистарски ознаки, управувано од В.А. (61) од Кочани, удрило во пешакот У.С. (48) од населбата Оризари, кочанско.
Во несреќата жената се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Кочани.
Увид на местото на несреќата изврши екипа од ОВР Кочани.