ПРВ.мк
Свет

Боинг постигна спогодба со Канаѓанец чијашто фамилија загина во трагедијата со 737 МАКС во Етиопија

Боинг постигна спогодба со Канаѓанец чијашто фамилија загина во трагедијата со 737 МАКС во Етиопија
Escape

Американската компанија Боинг постигна спогодба со Канаѓанец чијашто фамилија трагично загина во несреќата со Боинг 737 МАКС на Етиопијан ерлајнс во март 2019 година, објави неговиот адвокат, пренесува Ројтерс.

Условите на спогодбата со Пол Њороге од Торонто не се откриени. Неговата сопруга Керолајн и трите деца – Рајан (6), Кели (4) и Руби (9 месеци) – загинаа во таа трагедија, како и неговата свекрва која патувала со нив.

Судењето, што требаше да започне во понеделник во Окружниот суд во Чикаго, беше првото против Боинг по двата фатални инциденти со моделот 737 МАКС во 2018 и 2019 година, кога во двете несреќи загинаа вкупно 346 луѓе.

Боинг веќе избегна судски постапки со спогодби со семејствата на други жртви од истата несреќа, а компанијата одби да коментира за последната постигната спогодба.

Несреќите доведоа до 20-месечно приземјување на најпродаваниот авион на Боинг и компаниијата имаше загуби од над 20 милијарди долари.

Адвокатот на Њороге, Роберт Клифорд, ќе ги застапува уште шест семејства на жртви на судењето кое е закажано за 3 ноември.

Боинг тврди дека решил над 90% од граѓанските тужби поврзани со овие несреќи преку исплати, договори и други правни механизми.

Компанијата и Министерството за правда на САД побараа од судот да одобри договор со кој Боинг ќе избегне кривична одговорност и надзор во следните три години. Овој договор е дел од признавањето вина од 2024 година, кога Боинг беше обвинет за измама во врска со системот за контрола на летот 737 МАКС, кој беше клучен фактор во трагедиите.

Mia Home Mavrovo