Москва денеска забележа историски висок температурен максимум од 34,6 степени Целзиусови, надминувајќи го рекордот од 1903 година, кога биле измерени 34,5 степени.
Како што изјави метеорологот Роман Вилфанд за агенцијата Интерфакс, рекордната температура е измерена во 15 часот по локално време.
Иако денеска беше најжешкиот ден во изминатите 121 година, Вилфанд најави дека во наредните денови не се очекуваат нови температурни екстреми, туку постепено опаѓање на температурите.
Ask ChatGPT