ПРВ.мк
Свет

(ВИДЕО) Руски танкер потона меѓу Малта и Либија – Москва ја обвинува Украина за нападот!

(ВИДЕО) Руски танкер потона меѓу Малта и Либија – Москва ја обвинува Украина за нападот!
Kristal

Русија денес ја обвини Украина за напад со поморски дронови врз рускиот танкер „АРКТИК МЕТАГАЗ“, кој превезувал течен природен гас (LNG) во Средоземното Море и потона во зоната меѓу Малта и Либија, јавува Ал Баваба.

Според руското Министерство за транспорт, нападот бил извршен од либиски брег со поморски дронови под украинска контрола. Сепак, сите 30 членови на екипажот се безбедни и неповредени.

Либиските власти соопштија дека бродот потонал по „ненадејни експлозии“ од непознато потекло, кои предизвикале голем пожар. Потонатиот танкер се наоѓа на околу 130 наутички милји северно од Сирт.

Либиските пристанишни власти ги предупредуваат сите бродови во близина на местото на потонувањето за можен судир или истекување на течен природен гас, со апел за максимална претпазливост поради ризик од палење или загадување на морето.

Танкерот бил под санкции на САД и Велика Британија како дел од таканаречената „флота во сенка“ на Русија и пловел од пристаништето Мурманск.

ВИДЕО

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo