ПРВ.мк
Свет

(ВИДЕО) Први снимки – Москва молчи, расте загриженоста: Што се случи со базата преполна со нуклеарно оружје по разорниот земјотрес?

(ВИДЕО) Први снимки – Москва молчи, расте загриженоста: Што се случи со базата преполна со нуклеарно оружје по разорниот земјотрес?
Escape

По катастрофалниот земјотрес со јачина од 8,8 степени што ја погоди руската Камчатка, јавноста доби први снимки од сериозни оштетувања во пристаништето Петропавловск-Камчатски. Но, она што најмногу ги вознемирува светските аналитичари е – молкот на Москва.

Само 120 километри од епицентарот се наоѓа Вилучинск – најголемата база на руската Пацифичка флота. Оваа строго чувана воена локација е дом на стратешките нуклеарни подморници од класата „Бореј“ и „Бореј-А“, опремени со интерконтинентални ракети „Булова“. Тоа е и единствената база на рускиот Далечен Исток со капацитет и инфраструктура за одржување на ваков тип оружје.

И додека социјалните мрежи се преплавени со снимки од оштетени пристаништа, пукнати докови и разнишани објекти, од руското Министерство за одбрана – тишина. Нема информации дали некоја подморница била на ремонт или на отворено море за време на земјотресот, ниту каква е состојбата со безбедноста на нуклеарните системи.

Камчатка се наоѓа во рамки на таканаречениот „Пацифички огнен прстен“, регион познат по силни земјотреси и вулканска активност. Но никогаш досега епицентарот на еден толку силен потрес не бил толку блиску до најчуваната воена тајна на Русија.

„Овие подморници не се само превозници на ракети – тие се мобилни нуклеарни силоси“, предупредуваат меѓународни безбедносни аналитичари. Отсуството на било какви официјални информации од страна на руските власти ја поттикнува загриженоста – дали нешто навистина се случило? И ако се случило, зошто никој не зборува за тоа?

Во моментот, светот не го загрижува само силата на природниот удар – туку и мртвата тишина што доаѓа од база преполна со нуклеарно оружје.

ВИДЕО

Mia Home Mavrovo