ПРВ.мк
Свет

(ВИДЕО) ПАНИКА ВО АВИОН: „Ќе умреме!“ - пилотот се борел со силното невреме!

(ВИДЕО) ПАНИКА ВО АВИОН: „Ќе умреме!“ - пилотот се борел со силното невреме!

Патниците на летот на „Туркиш ерлајнс“ од Истанбул кон Тунис поминале низ исклучително вознемирувачки моменти откако авионот при приближувањето кон дестинацијата се нашол во подрачје зафатено со силно невреме.

Авионот „Ербас А321“ полетал од Истанбул на 10 септември, а проблемите започнале кога се приближувал кон аеродромот „Тунис-Картхаге“. Леталото влетало во силни турбуленции и почнало интензивно да се тресе, што предизвикало паника меѓу патниците.

Ситуацијата станала особено тензична при обидите за слетување. Пилотот неколкупати се обидувал да го приземји авионот, но временските услови го отежнувале маневрот.

Една од патничките го снимала случувањето и подоцна раскажала дека во еден момент имала чувство дека авионот нагло губи височина.

На снимката, која се прошири на социјалните мрежи, може да се слушнат исплашени патници, а во еден момент еден од нив извикал: „Ќе умреме!“. Во кабината се слушале и врисоци додека авионот се пробивал низ силните турбуленции.

„Никогаш во животот не сум се плашела толку за својот живот“, раскажала патничката која го снимила настанот.

Откако неколку обиди за слетување не успеале, патниците наводно почнале да го молат пилотот да се упати кон друг аеродром, па дури и кон друга земја, само за да избегнат повторно минување низ опасното невреме.

На крајот, летот бил пренасочен кон аеродромот Енфида-Хамамет, кој се наоѓа на околу 90 километри јужно од Тунис.

Авионот успешно слетал на алтернативниот аеродром. По безбедното приземјување, патниците со аплауз го поздравиле завршувањето на летот и напнатите моменти во воздухот.

ВИДЕО

Најнови вести