ПРВ.мк
Свет

(ВИДЕО) Ноќта се претвори во ден: Објавена снимка од жестоки напади врз клучен ирански град!

(ВИДЕО) Ноќта се претвори во ден: Објавена снимка од жестоки напади врз клучен ирански град!
Kristal

Американската војска во текот на ноќта извршила масовни напади врз ирански бункери за муниција во близина на Исфахан, судејќи според снимките што се појавија на интернет и брзо се проширија на социјалните мрежи.

Американскиот претседател Доналд Трамп објавил едно од видеата на својата платформа Truth Social, на кое се гледа употреба на специјални бомби наменети за пробивање на бункери. На снимката се забележуваат серија силни експлозии кои го осветлуваат ноќното небо, создавајќи драматична и вознемирувачка сцена.

Во меѓувреме, израелската армија (ИДФ) соопшти дека неодамна завршила уште еден бран воздушни напади на територијата на Иран. Според нивните информации, целите биле поврзани со инфраструктура на иранскиот режим.

Од војската посочуваат дека нападите биле прецизни и насочени кон конкретни објекти, а најавено е дека повеќе детали за операцијата ќе бидат објавени дополнително, пренесуваат медиумите.

ВИДЕО

SWM
Mozzart
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo