ПРВ.мк
Свет

Трамп постави ултиматум: Ормутскиот Теснец – отворен или целосно уништување!

Трамп постави ултиматум: Ормутскиот Теснец – отворен или целосно уништување!
Kristal

Претседателот Доналд Трамп постави краен рок за Иран и изнесе тврди закани за ескалација на конфликтот доколку не се постигне договор. Според неговата објава, САД се во „сериозни разговори“ со новото иранско раководство, но ако преговорите не резултираат со договор, ќе следи „целосно уништување“ на критични ирански цели, вклучително електрани, нафтени полиња и островот Харг.

„Ако Ормутскиот Теснец не биде веднаш отворен, ќе го завршиме нашиот престој во Иран со дигање во воздух на нивните постројки кои досега намерно не сме ги допреле“, објави Трамп, истакнувајќи дека ова е одмазда за загубите на американските војници и цивилите кои Иран ги загубил во последните децении.

И покрај заканите, Трамп истакна дека новите лидери на Иран се „многу разумни“ и дека постои шанса за договор. Преговорите, според информации од Пакистан како посредник, ќе продолжат во наредните денови со цел да се стави крај на едномесечната војна.

„Мислам дека ќе склучиме договор со нив, прилично сум сигурен, но можно е дека нема“, додаде Трамп пред новинарите на Air Force One, оставајќи отворена неизвесност за исходот на кризата.

SWM
Mozzart
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo