ПРВ.мк
Македонија

„Не чувствуваат вина“ – продолжува судењето против тројцата полицајци од Кочани за трагедијата во дискотеката „Пулс“

„Не чувствуваат вина“ – продолжува судењето против тројцата полицајци од Кочани за трагедијата во дискотеката „Пулс“
Kristal

На 31 март 2026 година, во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето против тројцата обвинети полициски службеници од Кочани, поради нивното постапување при контроли во дискотеката „Пулс“. Судењето се одвива со сослушување сведоци предложени од одбраната.

На почетокот на рочиштето, обвинетите изјавија дека не се чувствуваат виновни за наводите од обвинението, кое се однесува на контроли извршени во дискотеката на 16 март 2023 година, кога во пожар животот го загубија 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени. Судењето го води судијката Лидија Петровска, а обвинението го застапува јавната обвинителка Спасенка Андонова.

Прв сведок денеска беше полицискиот службеник Ерхан Хаџимита од ПС Кочани, кој рече дека два пати учествувал во полициски контроли во дискотеката во 2023 година – еднаш во април и повторно во декември. При контролите, тој заедно со одговорниот Горан Лазаров пронашол две малолетни лица, чиј документи биле одземени и предадени на Лазаров.

Сведокот посочи дека сопственикот на клубот, Дејан Јованов – Деки, не соработувал и реагирал со зборовите „правете што сакате“, бидејќи претходно имал конфликт со полицијата поради присуство на малолетници. Хаџимита останал со малолетниците додека се повикувале нивните родители, додека Лазаров го изготвил записникот.

Тој додаде дека и претходно во април 2023 година пронашол малолетници во дискотеката, но сопственикот повторно не соработувал. При одземањето на личните карти, документите биле предадени на одговорниот на смена, кој бил во билетарата заедно со сопственикот и неговиот син.

Судењето започна на 3 март 2026 година со читање на обвинителниот акт од обвинителката Ивана Трајчева од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, која минатата недела заврши мандатот.

Обвинетите се товарат дека при акциските контроли во дискотеката не постапиле во согласност со пропишаните правила од анекс-плановите, при што во записниците навеле неактивно правно лице како одговорно.

Според обвинението, од 7 октомври 2023 до 7 февруари 2024 година, Кире Богатинов и Горан Лазаров не ги извршиле целосно службените должности по анекс-плановите за контрола, додека третиот обвинет, Александар Темелков, не ја проверил целокупната документација при одобрување на барањата за поведување прекршочна постапка, туку ги потпишал и поднел до судот.

Со овие дејства, тројцата обвинети, според обвинителниот акт, прибавиле имотна корист за „ММММ кафе“ ДООЕЛ Кочани, подружница кабаре „Пулс“, како и за одговорното лице, на начин детално опишан во обвинителниот предлог.

SWM
Mozzart
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo