Во Битола, на улицата „Мирка Гинова“, вчера беше пронајдена почината 74-годишната В.Д., информираат од Министерството за внатрешни работи.
Настанот бил пријавен на 30 март 2026 година во 11:35 часот во СВР Битола. На местото веднаш излегле полициски екипи и лекар кој ја констатирал смртта.
По наредба на јавен обвинител, телото било дадено на обдукција, при што е утврдено дека смртта била природна.
Увид на местото извршила екипа од СВР Битола, која ги документирала околностите околу настанот.



















