Самитот на НАТО во Анкара започна зад затворени врати, но сите очи на светската јавност беа вперени во две личности: италијанската премиерка Џорџа Мелони и американскиот претседател Доналд Трамп. По неколкунеделни јавни препукувања, тешки зборови и скандалозната објава на Трамп на социјалните мрежи, лидерите на САД и Италија конечно се најдоа очи во очи.
Поглед кој „убива“
Односите меѓу Трамп и Мелони, кои некогаш важеа за блиски сојузници, неодамна доживеаја вистински крах. Откако Италија одби да ги поддржи акциите на САД во Иран и им забрани на американските авиони да слетуваат во базата во Сицилија, Трамп започна тотален медиумски напад.
Прво изјави дека Мелони на самитот на Г7 „го молела за фотографија“, на што таа остро му одговори дека „таа и Италија никогаш не молат“. Масло на огнот Трамп додаде во текот на викендот кога на својата мрежа Truth Social објави нејзина монтирана фотографија со порака: „ПОТРЕБНА Е ЗАБРАНА ЗА ПРИОД“.
Моментот на вистината во Анкара
Сепак, во Анкара следуваше моментот на вистината. Кога лидерите се собраа, Мелони реши да не крие што мисли за потезите на шефот на Белата куќа.
Камерите го забележаа моментот на нејзиниот ладен, остар и апсолутно леден поглед упатен кон Трамп, кој веднаш стана вирален на социјалните мрежи. Италијанската премиерка, позната по својата експресивна мимика, буквално го „стрелаше“ со поглед американскиот претседател, покажувајќи дека навредите од Вашингтон воопшто не ја потиштиле.






