ПРВ.мк
Свет

(ВИДЕО) Маж несоодветно ја допрe претседателката на среде улица

(ВИДЕО) Маж несоодветно ја допрe претседателката на среде улица
Kristal

Додека претседателката на Мексико, Клаудија Шејнбаум, се среќаваше со граѓани во Мексико Сити, се случи непријатен инцидент. Еден маж ненадејно се приближил од зад неа, обидувајќи се да ја бакне во образ и да ја допре за градите.

Обезбедувањето веднаш интервенирало и го тргнало напаѓачот од местото на настанот.

На видеоснимката се гледа како Шејнбаум смирено реагира, велејќи „Не грижете се“, додека го одбива нападот и продолжува да се насмевнува кон присутните граѓани.

Претседателката е позната по тоа што редовно се движи меѓу луѓето, се ракува и се фотографира со граѓани, слично на својот претходник Андрес Мануел Лопез Обрадор.

ВИДЕО

Escape