ПРВ.мк
Балкан

Трагични вести пристигнуваат од Србија: Загина познат пејач, естрадата во шок

Трагични вести пристигнуваат од Србија: Загина познат пејач, естрадата во шок

Познатиот српски пејач Горан Максимовиќ загина на само 26-годишна возраст во тешка сообраќајна несреќа кај Шабац.

Трагедијата се случила околу 6:20 часот во местото Слатина. Во автомобилот се наоѓале четири лица, а возилото од засега неутврдени причини излетало од коловозот.

Максимовиќ го загубил животот, додека уште три лица биле повредени. Според информациите што ги пренесуваат српските медиуми, меѓу повредените е и неговата сопруга.

Особено потресно е што само неколку часа пред несреќата, Максимовиќ на социјалните мрежи објавил фотографија на која насмеан позира со сопругата и пријателите. Тие се упатиле кон Шабац на традиционалниот панаѓур.

По несреќата, патниците останале заглавени во возилото, а едно лице било извлечено уште пред пристигнувањето на противпожарните и спасувачките екипи.