Архипелагот Хаваи повторно се соочи со силна бура, втора за последната недела, која предизвика огромна штета што може да надмине 1 милијарда долари (745 милиони фунти), според градоначалникот на Хонолулу, Рик Бланџарди.
Досега се спасени повеќе од 230 лица, изјави Бланџарди на прес-конференција во петокот, а обилните дождови продолжија во раните утрински часови во саботата.
Властите предупредија дека барата на островот Оаху, најнаселениот на архипелагот, е во опасност од уривање. Градоначалникот ги повика жителите да останат безбедни и да ја сфатат бурата многу сериозно.
Гувернерот Џош Грин истакна дека нема пријавени жртви од бурите и ги пофали службите за итни случаи за брзата реакција.
Поплавите предизвикаа подигање на куќи и автомобили, а околу 5.500 луѓе северно од Хонолулу добија наредби за евакуација. Патиштата низ островите се затворени, а Одделот за управување со вонредни состојби издаде повеќекратни предупредувања за ненадејни поплави, повикувајќи ги жителите да се евакуираат на повисоки места и да ги избегнуваат поплавените области.


















