ПРВ.мк
Свет

(ВИДЕО) КАТАКЛИЗМА ВО ЕВРОПА: Десетици загинати по разорна бура, прогласена вонредна состојба – исчезна девојче додека се обидувала да спаси куче!

(ВИДЕО) КАТАКЛИЗМА ВО ЕВРОПА: Десетици загинати по разорна бура, прогласена вонредна состојба – исчезна девојче додека се обидувала да спаси куче!
Kristal

Разорната бура „Леонардо“ со денови сее хаос на Пиринејскиот Полуостров, оставајќи зад себе жртви, поплавени градови и илјадници евакуирани. Во Португалија од минатата недела најмалку 11 лица го загубиле животот, неколку стотици се повредени или раселени, додека во Шпанија драмата доби уште потрагична димензија – девојче исчезнало откако надојдена река ја однела додека се обидувала да го спаси своето куче.

Само во шпанската покраина Андалузија досега се евакуирани околу 7.000 луѓе, додека португалските власти најавија продолжување на вонредната состојба поради континуираното невреме.

Премиерот на Португалија, Луис Монтенегро, соопшти дека вонредната состојба во континенталниот дел на земјата ќе биде продолжена за уште седум дена, до 15 февруари, поради сериозноста на временските услови.

Градот Порто денеска е под црвено метео-предупредување, а во Алкасер до Сал, на југот на земјата, две лица загинаа, додека 93 беа спасени во близина на реката Садо. Невремето предизвика и прекини на струја и комуникации, дополнително отежнувајќи ја ситуацијата.

„Знаеме дека не очекува уште многу тешка состојба и дека условите поради кои беше воведена вонредната состојба ќе продолжат“, изјави Монтенегро, додавајќи дека сите служби се ставени во целосна готовност.

Покрај продолжувањето на вонредната состојба, португалската влада прогласи и состојба на зголемен ризик во областите каде постои опасност од поплави, со цел да се обезбеди постојана поддршка од сите ресурси на цивилната заштита – пожарникари, армија, безбедносни сили, здравствени служби и локални власти.

Речиси 400 инциденти за една ноќ во Португалија

Само во ноќта меѓу среда и четврток, во Португалија биле регистрирани 399 инциденти поврзани со силните дождови, најмногу во поширокиот регион на Лисабон и западниот дел на земјата, соопшти Националната управа за вонредни ситуации и цивилна заштита.

Меѓу потешките инциденти е урушување на пат во населбата Сао Жоао во Камарате, каде интервенирале пожарникари, а делови од патната инфраструктура биле сериозно оштетени.

Поради лошите временски и морски услови, прекинат е и речниот траектен сообраќај, а излевањето на реката Тејо предизвика поплави во неколку населени места во поширокиот регион на Лисабон. Железничкиот сообраќај на некои делници е целосно во прекин, а повеќе национални патишта се затворени.

Андалузија под вода, исчезнато девојче

Во Шпанија, најтешко е погодена Андалузија, каде обилните дождови доведоа до излевање на реки, поплави, свлечишта и масовни евакуации. Околу 7.000 жители беа принудени да ги напуштат своите домови, меѓу нив и целото население на малиот град Грасалема во покраината Кадиз.

Посебна вознемиреност предизвика веста дека девојче исчезнало откако паднало во река во Сајалонга, обидувајќи се да го спаси своето куче. Потрагата траеше цела ноќ.

„Реката ја пребарувавме од местото каде што паднала па надолу по целиот тек. Го пронајдовме кучето, но не и девојчето“, изјави командантот на противпожарната служба во Малага, Мануел Мармолејо.

Целата Шпанија, со исклучок на Каталонија и Баскија, е во состојба на зголемена подготвеност поради ветер, дожд и високи бранови, а во седум региони се издадени портокалови метео-предупредувања.

Доаѓа нова бура – „Марта“

Како да не е доволно, метеоролозите предупредуваат дека нова бура, наречена „Марта“, се очекува да го погоди регионот за време на викендот. Според надлежните, 14 реки и 10 брани се во екстремен ризик од излевање.

Властите најавуваат дека откако ќе се стабилизира времето, најпогодените подрачја ќе бидат прогласени за зони на катастрофа, додека спасувачките служби остануваат на терен во трка со времето за спасување животи.

ВИДЕО

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo