ПРВ.мк
Наука/Технологија

НОВА НАДЕЖ ЗА ПАЦИЕНТИТЕ: Научници открија начин да го сопрат растот на клетките на ракот на дебело црево!

НОВА НАДЕЖ ЗА ПАЦИЕНТИТЕ: Научници открија начин да го сопрат растот на клетките на ракот на дебело црево!
Kristal

Научниците открија природен механизам кој може значително да го забави, па дури и да го сопре растот на ракот на дебелото црево, отворајќи нова надеж во борбата против една од најчестите малигни болести.

Истражување спроведено од руски и меѓународни научници покажува дека ензимот каспаза-2 игра клучна улога во „гладнувањето“ на туморските клетки. Наместо директно да ги уништува, како што досега се веруваше, каспаза-2 им ја одзема енергијата потребна за раст – спречувајќи ги клетките на ракот нормално да „дишат“.

Според резултатите од студијата, клетките на ракот кои немаат каспаза-2 трошат 20 до 40 проценти повеќе кислород, што доведува до зголемена активност на митохондријалниот ензим сукцинат дехидрогеназа. Тој процес предизвикува создавање на реактивни форми на кислород – соединенија кои директно го поттикнуваат растот и ширењето на туморот.

Експериментите биле спроведени на женски глувци генетски модифицирани да немаат каспаза-2, при што научниците забележале значително побрз развој на туморите. Ова, според истражувачите, јасно го потврдува заштитниот ефект на ензимот.

„Каспаза-2 се покажа како важен регулатор на клеточното дишење. Кога тој недостига, туморските клетки добиваат повеќе енергија и растат побрзо“, изјави Марија Јапринцева од Институтот за молекуларна биологија ‘В.А. Енгелхардт’ при Руската академија на науки.

Научниот тим сега работи на развој на нови терапии кои би го засилиле или имитирале дејството на каспаза-2. Целта е јасна – да им се одземе енергијата на туморите и да се спречи нивниот раст и делење.

Ова откритие се смета за важен чекор кон поефикасни и поприродни методи за лекување на ракот на дебелото црево и може да отвори нов правец во онколошката терапија.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo