Нови тензии на Блискиот Исток: според израелските медиуми, дрон лансиран од Хутите од Јемен го погодил аеродромот Рамона на југот на Израел, при што патничкиот терминал бил оштетен, а едно лице полесно повредено од остатоците.
Нападот се случил попладне без претходно активирани сирени за предупредување. Аеродромот Рамона се наоѓа северно од градот Еилат, близу Црвеното Море. Израел веднаш го затвори воздушниот простор на југот, а армијата соопшти дека уште три дронови лансирани од Хутите биле успешно пресретнати утрово.
Повеќе лица биле третирани поради напади на паника, додека Хутите, кои го контролираат поголемиот дел од Јемен, прогласија поморска блокада на Израел поради наводен геноцид во Газа. Израел, пак, продолжува со воздушни напади врз цивилни и воени цели, а во август беа убиени премиерот и бројни министри на владата контролирана од Хутите во Јемен.
Видео: