ПРВ.мк
Свет

(ВИДЕО) Грчките власти издадоа црвена тревога: Следуваат опасни временски услови

(ВИДЕО) Грчките власти издадоа црвена тревога: Следуваат опасни временски услови

Грчката Национална метеоролошка служба (EMY) издаде црвена тревога поради значително влошување на временските услови во периодот од 23 до 25 јули. По неколкудневниот топлотен бран, во повеќе делови од земјата се очекуваат обилни врнежи од дожд, силни грмежи, засилен ветер и локална појава на град.

Според прогнозите, во петок (24 јули) нестабилното време ќе ги зафати и Халкидики и Солун, каде што се очекуваат интензивни врнежи и силни налети на ветер.

Надлежните служби ги повикуваат граѓаните и туристите да бидат особено внимателни. Доколку забележат приближување на бура, препорачливо е веднаш да ја напуштат плажата и да излезат од морето, бидејќи грмотевичните процеси можат брзо да се интензивираат.

Дополнително, се советува да се избегнува патување со автомобил за време на најсилните врнежи и да се следат сите препораки и предупредувања од локалните власти.

Метеоролозите нагласуваат дека невремето нема истовремено да ја зафати цела Грција, но северните региони, особено Халкидики и околината на Солун, се меѓу областите каде што се очекуваат најизразени временски неприлики. Затоа, сите кои престојуваат или патуваат во овие делови од земјата треба редовно да ја следат најновата временска прогноза и предупредувањата од надлежните служби.

ВИДЕО