Во рурална област на државата Сонора, на северот од Мексико, во близина на границата со американската држава Аризона, биле пронајдени телата на 60 мажи, соопшти Канцеларијата на државниот обвинител на Мексико.
Истражните органи потврдија дека телата биле откриени во текот на јануари и февруари годинава во околината на главниот град Ермосио. Според официјалните информации, жртвите биле киднапирани и ликвидирани во рамки на крвави пресметки меѓу криминални организации кои активно дејствуваат во овој регион, пренесува Ројтерс.
„Идентификацијата беше извршена со употреба на научни методи за секоја од жртвите,“ стои во соопштението на обвинителството, кое потврди дека досега се уапсени најмалку пет лица поврзани со масакрот.
Во последните години, насилството во Сонора драматично се зголеми, како резултат на жестоките конфликти меѓу нарко-картелите кои се борат за контрола врз патиштата за шверц на дрога и мигранти кон САД.
Овој морничав случај уште еднаш ја открива длабоката криза со организираниот криминал во Мексико, каде што илјадници луѓе исчезнуваат секоја година во сенка на борбите меѓу ривалските