Пасторот Леонид Скуматов, кој останал во својот роден град Мирноград во Источна Украина и продолжувал да помага на жителите под постојани обстрели, беше убиен во напад со дрон на 19 септември. Тој тешко бил ранет, а следното утро починал од повредите, јавува украинскиот портал nv.ua.
Според сведоштвото на неговата ќерка Дарја, Скуматов одбил да го напушти градот и редовно превезувал храна и лекови од Павлоград до Мирноград, до денот на смртта.
Доброволецот Андреј Малов додава дека пасторот бил погребан во двор во Мирноград, бидејќи градските гробишта биле недостапни поради воените дејствија.
Скуматов требаше да наполни 70 години на почетокот на октомври и останува запаметен како човек кој помогнал на многумина во тешки услови.














