ПРВ.мк
Свет

Три малолетни сестри загинаа во несреќа во Средоземното Море - oва се деталите!

Три малолетни сестри загинаа во несреќа во Средоземното Море - oва се деталите!

Три сестри, на возраст од 9, 11 и 17 години, трагично се удавија кога гумениот чамец во кој патувале се преврте во Средоземното Море помеѓу Либија и Италија, соопшти германската хуманитарна организација за спасување на море RESQSHIP.

Телата на девојчињата биле пронајдени во чамец кој бил „опасно пренатрупан“ и изложен на бранови високи до 1,5 метри пред да пристигнат спасувачите, објави Ројтерс.

Од бродот „Надир“ на организацијата биле спасени 65 лица, меѓу кои три бремени жени, деца и седуммесечно бебе. Едно лице паднало во морето за време на несреќата и сè уште се води како исчезнато.

Организацијата не откри информации за националностите на девојчињата кои загинаа.

Escape