ПРВ.мк
Свет

ТРАМП УДРИ ЖЕСТОКО: „Болен, тој е пореметен!“

ТРАМП УДРИ ЖЕСТОКО: „Болен, тој е пореметен!“
Kristal

По интервјуто на филмската легенда Роберт де Ниро, во кое 82-годишниот актер ги повика Американците да „се спротивстават“ на администрацијата на Доналд Трамп, поранешниот претседател жестоко одговори на социјалните мрежи.

„Роберт Де Ниро, кој страда од анти-Трамп невроза, е уште еден болен, пореметен ум со, верувам, екстремно низок коефициент на интелигенција, кој апсолутно нема поим што прави или зборува, а некои од тие постапки се едноставно криминални!“, напиша Трамп.

Во истата објава, тој го нападна и демократскиот конгресмен Илхан Омар од Сомалија и демократската конгресменка од Мичиген, Рашида Тлаиб. „Добрата вест е дека Америка сега е поголема, подобра, побогата и посилна од кога било досега, а тоа ги излудува целосно“, додаде Трамп.

Реакцијата доаѓа по интервјуто на Де Ниро во подкастот „Најдобрите луѓе“, каде актерот ги повика Американците да ја „спасат земјата“ од администрацијата на Трамп, тврдејќи дека претседателот ја уништува земјата.

Минатиот мај, за време на Канскиот филмски фестивал, Де Ниро исто така повика на „одбрана на демократијата“ и го опиша Трамп како „некултурен“.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo