ПРВ.мк
Македонија

ИТЕН АПЕЛ ЗА ВНИМАТЕЛНОСТ: Лажниот лекар „дере“ низ Македонија: Од новата жртва зема 9.600 евра!

ИТЕН АПЕЛ ЗА ВНИМАТЕЛНОСТ: Лажниот лекар „дере“ низ Македонија: Од новата жртва зема 9.600 евра!
Kristal

СВР Битола пријави нов случај на измама каде што лажно лице се претставило како лекар и успеало да одземе 9.600 евра од 84-годишна битолчанка.

Според полицијата, измамникот претходно ѝ се јавил на жртвата и ѝ кажал дека нејзината ќерка доживеала скршеници и дека е потребна итна операција, за која мора да плати веднаш. Жената ги предала парите на лице кое дошло пред нејзината зграда. Подоцна, кога се слушнала со својата ќерка, сфатила дека била измамена.

Сличен случај бил пријавен и претходниот ден, кога 83-годишен битолчанец бил измамен за 10.000 евра. Измамникот му рекол дека неговата внука паднала по скали и има сериозни повреди, па е потребна итна операција.

Во двата случаи, сценариото било идентично: парите се предавале на лице пред домовите на жртвите, а подоцна тие сфаќале дека биле измамени.

СВР Битола презема мерки за откривање на сторителите и расчистување на случаите со лажни лекари и измамници.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo