ПРВ.мк

Трамп: Размислувам да одам во Турција и да се придружам на преговорите меѓу Русија и Украина

Трамп: Размислувам да одам во Турција и да се придружам на преговорите меѓу Русија и Украина
Jumbo Banner

Трамп размислува да се приклучи на руско-украинските преговори во Турција

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска изјави дека размислува да се приклучи на претстојните преговори меѓу Русија и Украина, закажани за четврток во Турција.

„Мислам дека состанокот во четврток меѓу Русија и Украина во Турција би можел да даде позитивни резултати“, изјави Трамп на настан одржан во Белата куќа, пренесе агенцијата Ројтерс.

Тој најави дека од утре до 16 мај ќе биде во посета на земјите од Персискиот Залив, но додаде дека размислува да „прелета“ во Турција и директно да се приклучи на преговорите.

Ваквиот потег, доколку се реализира, би претставувал значаен дипломатски исчекор во обидите за прекин на конфликтот меѓу Москва и Киев.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран