ПРВ.мк

Макрон: Прекин на огнот е клучен предуслов за средба меѓу Украина и Русија во Истанбул

Макрон: Прекин на огнот е клучен предуслов за средба меѓу Украина и Русија во Истанбул
Jumbo Banner

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави синоќа дека воспоставувањето на прелиминарен прекин на огнот е неопходен предуслов за одржување на најавената средба меѓу претставници на Украина и Русија, планирана за 15 мај во Истанбул.

Средбата беше иницирана од рускиот претседател Владимир Путин и прифатена од украинскиот претседател Володимир Зеленски. Макрон истакна дека е потребна подготвеност од двете страни за да се создадат услови за суштински и конструктивен дијалог.

Во пресрет на можните преговори, францускиот претседател вчера одржал координациски разговори со лидерите на Германија, Велика Британија и Полска, како и со американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Зеленски.

Во своето видеообраќање, Зеленски посочи дека предлогот на Киев за прогласување прекин на огнот стапува на сила од денес и оти сега се чека одговор од Москва.

„Украинската армија е подготвена да одговори во случај руските сили да го прекршат договорениот прекин на огнот“, нагласи Зеленски.

Сепак, Русија досега не се согласи со предлогот за 30-дневен прекин на непријателствата, кој беше инициран од неколку европски држави пред два дена. Останува неизвесно дали Москва ќе ја прифати иницијативата, што се смета за клучна за отворање простор за сериозни мировни преговори.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран