ПРВ.мк

Тајани: “Мирот во Украина зависи само од Русија”

Тајани: “Мирот во Украина зависи само од Русија”
Jumbo Banner

Италијанскиот вицепремиер и министер за надворешни работи, Антонио Тајани, денес изјави дека одлуката за мир во Украина сега е целосно во рацете на рускиот претседател Владимир Путин. Неговата изјава доаѓа откако украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази подготвеност да се сретне со Путин на мировни преговори, закажани за четврток во Истанбул.

„Се надевам дека Москва ќе ја препознае подготвеноста на Зеленски и ангажманот на сите нас за постигнување мир“, рече Тајани на маргините од состанокот на алијансата Вајмар Плус – Киев, одржан во Лондон, според агенцијата АНСА.

Тој додаде дека одговорноста за понатамошниот тек на настаните сега е исклучиво на страна на Путин:
„Мирот зависи само од волјата на Руската Федерација“.

Тајани посочи дека и покрај повиците за дијалог, ситуацијата на теренот не дава охрабрувачки сигнали, имајќи ги предвид нападите што се случиле во текот на ноќта. Тој истакна дека прекин на огнот останува суштински предуслов за сериозни мировни преговори.

Од своја страна, рускиот претседател Владимир Путин предложи обновување на директните разговори со Украина без поставување предуслови. Преговорите, кои беа прекинати во 2022 година, би започнале на 15 мај во Истанбул.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го прифати предлогот, но постави услов – да се сретне со Путин лично, лице в лице.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран