ПРВ.мк
Свет

Потпишана извршна уредба со која се намалува бројот препорачани вакцини за деца

Потпишана извршна уредба со која се намалува бројот препорачани вакцини за деца

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна уредба со која се предвидува промена на американската политика за вакцинација на децата и намалување на бројот на вакцини што федералната влада ги препорачува.

Според објавеното, програмата треба да биде ограничена на 11 основни вакцини, додека Трамп се заложи и комбинираната вакцина против мали сипаници, заушки и рубеола – ММР – да биде поделена на три одделни вакцини.

За време на потпишувањето во Белата куќа, Трамп изјави дека неговата администрација ќе ги прифати новите препораки за вакцинација на децата.

Тој тврди дека САД досега препорачувале поголем број вакцини и дози за децата во споредба со други развиени земји.

Во центарот на промените е и американскиот министер за здравство Роберт Ф. Кенеди Џуниор, кој подолго време е критичар на делови од американската политика за вакцинација.

Кенеди претходно иницираше промени во програмата, меѓу кои и отстранување на вакцини против шест од вкупно 17 болести од препораките, но дел од тие одлуки беа предмет на судско оспорување.

Новата извршна уредба предвидува федералната влада да ја насочи поддршката кон преостанатите 11 вакцини и ги потврдува промените иницирани од Кенеди, додека судските постапки поврзани со дел од претходните одлуки сè уште траат.

Одлуката се очекува да предизвика значителна дебата во американската јавност и медицинската заедница околу иднината на календарот за вакцинација на децата.

Најнови вести