ПРВ.мк
Свет

Трамп навестува бомба: „Во понеделник ќе објавам нешто големо за Русија!“ – светот во исчекување

 Трамп навестува бомба: „Во понеделник ќе објавам нешто големо за Русија!“ – светот во исчекување
Escape

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го крена политичкиот притисок во САД и пошироко со најавата дека в понеделник ќе објави „голема изјава“ за Русија. Изјавата ја даде синоќа во интервју за NBC News, но без да открие детали за што точно станува збор.

– Мислам дека ќе дадам голема изјава в понеделник за Русија, изјави Трамп, оставајќи простор за шпекулации и реакција во јавноста, особено поради тоа што последниве денови тој јаво го изрази разочарувањето од рускиот претседател Владимир Путин, во контекст на војната во Украина.

Во исто време, украинскиот претседател Володимир Зеленски продолжува со дипломатската офанзива за добивање нова воена и технолошка помош. На својот Телеграм-профил, рано изутринава објави дека се сретнал во Рим со двајца влијателни американски сенатори – Линдзи Греам (републиканец) и Ричард Блументал (демократ). Тие предложиле нов закон за построги санкции кон Русија.

– Наш приоритет е воздушната одбрана, изјави Зеленски. Тој објасни дека Русија се подготвува за масовни напади со до 1.000 дронови одеднаш, и токму затоа е критично важно Украина да ја засили својата противдронска одбрана.

Зеленски рече дека разговарале за континуирани испораки од САД, како и можност за заедничко производство на оружје. Тој исто така нагласи дека е подготвен за соработка со европските сојузници за набавка на „големи американски пакети за одбрана“, кои – како што рече – „можат да спасат човечки животи“.

Инаку, вчера украинскиот лидер потврди дека Киев добил зелено светло од САД за обновување на воената помош, која беше суспендирана минатата недела. Тоа дополнително го зајакнува неговиот настап пред западните партнери и ги подгрева очекувањата за продолжување на поддршката од Вашингтон.

Mia Home Mavrovo