ПРВ.мк

Трамп: Нападот на Индија врз Пакистан е жалосен, се надевам на брз крај

Трамп: Нападот на Индија врз Пакистан е жалосен, се надевам на брз крај
Jumbo Banner

Американскиот претседател Доналд Трамп изрази жалење поради индискиот напад врз Пакистан, истакнувајќи дека е штета што ситуацијата ескалирала токму вечерта. Тој се надева дека конфликтот ќе заврши што е можно побрзо.

„Штета е. Само што дознавме за нападот,“ изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа, пренесува Гардијан.

Тој додаде дека не е изненаден од случувањата, бидејќи тензиите меѓу Индија и Пакистан траат „многу, многу децении и векови“. „Се надевам дека ова ќе заврши многу брзо,“ изјави Трамп.

Нападите се случиле на девет различни локации во Пакистан и во спорниот регион Џаму и Кашмир. Според првичните информации, загинале најмалку две лица, а повредени се уште најмалку 12.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран