Беким Сали, пратеник од редовите на ВЛЕН, во емисијата „Дијалог“ на Лајми изјави дека е убеден оти по заминувањето на Таравари од Владата, новото парламентарно мнозинство ќе брои 80 пратеници.
Оваа хипотеза, Сали ја темели врз фактот дека во минатото бил создаден мит за Али Ахмети како незаменлива личност, мит кој, според него, во изминатата година е срушен и се сфатило дека освен пропаганда, нема ништо вистинито.
„Јас, според една моја анализа базирана на последните случувања, верувам дека формирањето на новото парламентарно мнозинство ќе ја достигне бројката од осумдесет пратеници. Иако некој би рекол дека сум премногу оптимист. Јас сум оптимист, затоа што минатата година постоеше општ песимизам, особено кај албанскиот кампус и кај другите етнички заедници, дека може нешто да се промени. Затоа што беше создаден мит дека Али Ахмети е незаменлив, дека само тој може да ги штити нашите интереси, дека само тој може да води албанска политика, дека само ДУИ ги брани интересите на Албанците и така натаму. Во оваа последна година гледаме дека освен пропаганда – значи освен пропагандата што ја ширеа одредени кругови и индивидуи кои служат на кауза што дваесет години е неуспешна на политичката сцена – освен таа пропаганда, во реалноста нема никаква основа“, изјави меѓу другото Сали.