ПРВ.мк

ФБИ наскоро ќе објави документација за случајот со Џефри Епштајн

ФБИ наскоро ќе објави документација за случајот со Џефри Епштајн
Jumbo Banner

ФБИ наскоро ќе објави документација за случајот со Џефри Епштајн, изјави директорот Кеш Пател

Директорот на ФБИ, Кеш Пател, изјави дека агенцијата наскоро ќе објави документација поврзана со случајот на Џефри Епстејн, милионерот обвинет за организирање мрежа за сексуален трговски криминал.

Пател за оваа тема сведочеше пред Сенатот во врска со предлогот за буџетот за 2026 година. Во текот на расправата, сенаторот Џон Кенеди, републиканец од Луизијана, го праша Пател дали Епштајн извршил самоубиство во затвор, на што Пател одговори дека бил најден обесен во својата ќелија.

Кенеди го праша Пател и дали ФБИ планира да објави дополнителни информации за случајот и кога тоа ќе се случи, на што директорот на ФБИ одговори дека документи ќе бидат објавени „во блиска иднина“, додавајќи дека агенцијата работи на тоа со цел да ги „заштити жртвите“ поврзани со случајот.

Да потсетиме, Џефри Епштајн беше пронајден мртов во својата затворска ќелија во август 2019 година, додека чекал судење за обвиненија за сексуален трговски криминал.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран