ПРВ.мк

Му ставил евра во пасошите, македонскиот граничен полицаец го уапсил

Му ставил евра во пасошите, македонскиот граничен полицаец го уапсил
Jumbo Banner

Во Македонија има многу повеќе чесни и одговорни полицајци отколку што има нечесни и корумпирани покажува примерот што го објави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски а се случил на граничниот премин Блато кај Дебар.

,,На 08.05.2025 во 09.15 часот на Граничен премин Блато, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Блато при Регионалниот центар за гранични работи Запад го лишија од слобода Д.А.(30) од Република Албанија. На граничниот премин, за влез во државата, тој допатувал со патничко возило „фолксваген шаран“ со албански национални ознаки, во кое превезувал уште четири албански државјани, при што во личните и сообраќајните документи ставил пари, кои биле пронајдени од полицискиот службеник кој вршел гранична контрола”, стои во соопштението на СВР Охрид од каде велат дека по целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран