ПРВ.мк

Зеленски: Украина имаше клучна улога во победата над нацизмот, но сега се бори против рускиот агресор

Зеленски: Украина имаше клучна улога во победата над нацизмот, но сега се бори против рускиот агресор
Jumbo Banner

На 80-годишнината од крајот на Втората светска војна, украинскиот претседател Володимир Зеленски ја подвлече важната улога на Украина во ослободувањето на Европа од нацистичката агресија, пренесе ДПА.

Во видео порака објавена од Киев, Зеленски нагласи дека осум милиони Украинци го загубиле животот во конфликтот и ја спореди нивната борба за слобода со актуелната војна против Русија. Тој предупреди дека ако Русија не го промени својот пат, ќе се бара „денацификација и демилитаризација“, користејќи терминологија која редовно ја употребува рускиот претседател Владимир Путин за Украина.

Зеленски ја обвини Москва дека ја политизира победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија, истакнувајќи дека Русија ја користи оваа победа за сопствени политички цели.

Утре, 9 мај, во Москва ќе се одржи голема воена парада по повод Денот на победата, ден кој Русија го слави како значајна историска победа. Советскиот Сојуз, пак, за време на Втората светска војна изгубил околу 27 милиони луѓе.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран