ПРВ.мк

САД и Велика Британија случија договор вреден милијарди

САД и Велика Британија случија договор вреден милијарди
Jumbo Banner

Американскиот претседател Доналд Трамп и британскиот премиер Кир Стармер го најавија склучувањето на нов трговски договор меѓу САД и Обединетото Кралство, кој предвидува укинување на царините за повеќе сектори и отвора нови извозни можности во вредност од милијарди долари.

Премиерот Стармер изјави дека намалувањето на царините ќе започне „што е можно поскоро“ и дека договорот претставува само почеток на нова етапа во економските односи меѓу двете земји. Тој додаде дека Велика Британија работи на дополнителни детали за да се намалат трговските бариери со САД на сите нивоа.

На заедничката прес-конференција, Трамп го нарече договорот „фер, отворен и реципрочен“, нагласувајќи дека ќе им користи на американските производители и извозници. Тој најави дека министерот за финансии Скот Бесент заминува во Швајцарија за нови разговори со Кина, додека преговорите со други земји се во завршна фаза.

Се проценува дека американските извозници ќе добијат дополнителна вредност од 5 милијарди долари, а постојната царина од 10% ќе донесе нови 6 милијарди приходи. Британскиот амбасадор Питер Манделсон го оцени договорот како „отскочна даска“ за технолошки партнерства и нови индустриски соработки.

Иако техничките детали сè уште не се објавени, двете страни нагласија дека договорот е суштински завршен. Според Трамп, над 80 земји веќе покажале интерес за слични трговски преговори.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран