ПРВ.мк

Тетовци, подгответе се: Утре неколкучасовен мрак низ градот поради планирани исклучувања

Тетовци, подгответе се: Утре неколкучасовен мрак низ градот поради планирани исклучувања
Jumbo Banner

Граѓаните на Тетово утре (четврток, 8 мај 2025 година) ќе останат без електрична енергија во повеќе делови од градот, поради планирани технички зафати на електромрежата.

Најрано без струја ќе биде објектот на кожарата и околината, со прекин од 09:20 до 11:30 часот. Истовремено, без напојување ќе останат и делови од градот кај улицата „Браќа Миладинови“ и фабриката „Тетекс“.

Во периодот од 11:30 до 13:30 часот, струја ќе нема во делови од улиците „Охридска“, „Благоја Тоска“, населбата Станбена, како и околината на Шарената џамија.

Целта на прекините, според Електродистрибуција, е одржување и унапредување на стабилноста на системот. Се повикуваат сите жители навремено да се подготват и да избегнуваат користење на електрични уреди во планираниот период.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран