Пратеникот Беким Ќоку, кој е предложен од претседателството на ВЛЕН за нов координатор на пратеничката група на ВЛЕН, изјави дека групата повторно ќе брои 14 пратеници и дека нема да ги исклучат пратениците од Алијансата за Албанците, пренесува Алсат.
Тој вели дека заминувањето на пратениците од АА ќе остане на нивна лична волја. Ќоку се надева и им упатува повик на пратениците на Алијансата да продолжат заедно, бидејќи, како што рече, е убеден дека ги делат истите цели и убедувања.
„Поднесено е само барање за промена на координаторот на пратеничката група. На местото на г. Снопче, на последната седница на ВЛЕН – прва и единствена што сега се одржа – бев предложен јас. Дури не бев ниту присутен таму бидејќи имавме гласање во Парламентот, ме предложија да бидам нов координатор на пратеничката група“, изјави Беким Ќоку – координатор на коалицијата ВЛЕН.
Значи велите формално, ќе бидете координатор на пратеничка група од 14 пратеници?
„Од 14 пратеници, досега официјално. Потоа, ако тие петмина пратеници од Алијансата сметаат дека немаат место тука, тие самите ќе си го изберат патот. Но, засега, и овде пред вас, им упатувам повик да продолжиме како една пратеничка група. Ја водиме истата битка, сè уште ги делиме истите убедувања. Убеден сум дека и тие продолжуваат да ги делат истите политички ставови“, изјави Беким Ќоку – координатор на коалицијата ВЛЕН. / Алсат.мк