ПРВ.мк

Трамп го откачи Путин: Зеленски ја добива можеби најважната работа во војната против Русија

Трамп го откачи Путин: Зеленски ја добива можеби најважната работа во војната против Русија
Jumbo Banner

Зеленски: САД ќе работат на обезбедување ПВО системи за Украина

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска изјави дека на средбата со поранешниот американски претседател Доналд Трамп разговарале за обезбедување на противвоздушни одбранбени системи за Украина.

Како што пренесе украинската новинска агенција Ukrinform, на состанокот се зборувало и за ретки минерали, договорот за нивна експлоатација, како и за можноста за постигнување прекин на огнот.

„Верувам дека фондот за инвестиции во обновата, како и самиот договор за минералните ресурси, ќе ни овозможат да ги заштитиме идните американски инвестиции. Имаме верба дека ќе изградиме здрави економски партнерства. Исто така, дека ќе ја заштитиме нашата земја и нашиот народ со помош на противвоздушна одбрана. Подготвени сме да ги вклучиме ПВО системите во тој процес. Му кажав на Трамп колкави количини ѝ се потребни на Украина, а тој одговори дека ќе работи на тоа. Тоа не се бесплатни работи, и би сакал да имаме пристап до купување на американско оружје,“ изјави Зеленски пред новинарите.

Украина и САД во средата потпишаа договор за соработка во областа на подземните ресурси. Документот го потпишаа Јулија Свириденко, прва вицепремиерка и министерка за економија на Украина, и Скот Бесент, министер за финансии на САД.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран