Пакистанската војска соопшти дека индиските сили вечерва извршиле ракетни напади на три различни локации. Веста првпат беше објавена на државната телевизија.
Според Ројтерс, во пограничните области на Кашмир под пакистанска контрола имало силно гранатирање и експлозии.
Портпаролот на пакистанската армија изјави дека Исламабад ќе одговори на нападот „во време и место што сам ќе го избере“. Тој додаде дека сите пакистански борбени авиони моментално се наоѓаат во воздух.
„Ова е срамен и кукавички напад, извршен преку индискиот воздушен простор“, изјави портпаролот.